ПАТЧЕ, Ламбро

ПАТЧЕ, Ламбро (Охрид, 23. Ⅴ 1908 – Скопје, 10. Ⅸ 1982) – агроном и технолог. Гимназија завршува во Битола. Дипломира на Земјоделскиот факултет во Тулуз (1929) и на Технолошки факултет во Бордо, Франција (1931). Работи во поголем број тутунски комбинати, а од 1949 г. преминува (како доцент) на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, на кој и хабилитира. Работи и како експерт на Обединетите нации во Сирија (три години) од областа на тутунот, каде што е и одликуван со заслуги за „Сирија Ⅱ“. Објавил поголем број научни и стручни трудови од областа на тутунот. П. Ив. Методи Патчев