ПАТЛИЏАН

ПАТЛИЏАН (Соланум мелонгена Л.) – едногодишно растение од фам. Соланацеае. Потекнува од индиските области. Во Европа и на Балканот е познат од ⅩⅤ в. Се одгледува заради незрелите плодови, кои се консумираат готвени. Богати се со: минерални материи; азотни материи (1,1%); безазотни екстрактивни материи (3,9%); целулоза. Се одгледува на отворено и во заштитени простори. Д. Ј.