ПАРМЕНИОН

ПАРМЕНИОН (Парменион) (400– 330 пр.н.е.) – еден од најистакнатите војсководци и советодавци на Филип Ⅱ и Александар Ⅲ Македонски. Нему му биле доверувани најодговорните задачи во државата. Ја раководел македонската претходница на азиската експедиција на Филип Ⅱ (336 пр.н.е.). Го придружувал Александар Ⅲ како втор по ранг во командувањето на битките кај Граник (334 пр.н.е.), Исос (333 пр.н.е.) и Гавгамела (331 пр.н.е.), предводејќи го левото крило. Подоцна добил задача да го засолни персиското кралско богатство во тврдината во Егбатана (во Медија). Додека ја извршувал задачата, по налог на Александар, бил убиен поради сомнение дека учествувал во заговорот против него предводен од син му Филота, кој исто така бил погубен. ИЗВ.: Плутарцхи, Витае Паралеллае, Липсиае, 1921; Арриани, Анабасис, Липсиае, 1907; Љ. Цурти Руфи, Хисториарум Алеџандри Магни Мацедонис, Липсиае, 1893; Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг,1896. ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004; Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје, 1995. К. М.-Р. Анатолиј Парпара