ПАНЧЕВ, Дарко

ПАНЧЕВ, Дарко (Скопје, 07. Ⅸ 1965) – фудбалер. Член на Фудбалскиот клуб „Вардар“ во Скоп-Дарко Панчев (со „Златната копачка“) је (1975–1988), за кој одиграл 207 натпревари и постигнал 132 гола. Бил четирипати најдобар стрелец во Југославија. Во сезоната 1983/84 постигнал 19 гола со што станал воопшто најдобар млад стрелец во Европа. Тој е добитник на „Златна копачка“ на весникот „Франс фудбал“ како најдобар стрелец во Европа со постигнати 34 голови (1991/1992). Со ФК „Црвена Звезда“ од Белград го освоил Купот на европските шампиони (1991) и Купот на светските шампиони. Бил младински и сениорски репрезентативец на Југославија. Тој е најдобар фудбалер на Македонија во ХХ в. ЛИТ.: Четири децении на ФК Вардар, Скопје, 1988. Д. С.