ПАНОВ, Антон

ПАНОВ, Антон (Стар Дојран, 13. Ⅳ 1906 – Струмица, 28. Ⅷ 1968) – драмски писател, поет, раскажувач. Еден од најзначајните македонски драмски писатели меѓу двете светски војни. Највисок дострел доживеал со изведбата на драмата Печалбари (1936), која, покрај во Скопското народно позориште, била изведена и во Белград, Ниш и во други градови. Плакат за претставата „Печалбари“ од Антон Панов БИБ.: раскази: Роденденот на Серјожа Јагоркин, 1928; Тимка, 1930; Го јаделе болви, 1930, како и на драмите: (покрај Печалбари) Стега (подоцна преработена под наслов Вероника) 1939; Препородени, 1950; Градинар, 1958; Пиликатник, 1959. Неговиот роман Живи гробови останал незавршен. ЛИТ.: Ацо Алексиев: Антон Панов, Скопје, 1974. П. Гил.