ПАНЗОВА, Виолета Ванчова

ПАНЗОВА, Виолета Ванчова (Свети Николе, 2. Ⅶ 1948) – доктор по филозофија, универзитетски професор. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје (1970), магистрирала на Филозофскиот факултет во Белград (1981), каде што и докторирала (1989). Како студент била ангажирана за демонстратор по Логика на Групата за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје. Во редовен работен однос на Факултетот е од 1971 г. (стажант-асистент), редовен професор (од 2000) за логичката група Виолета Панзова предмети. Била раководител на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет (1995–1999). Објавила над сто стручни и научни трудови во домашни и странски публикации од областа на логиката, епистемологијата и филозофијата на јазикот. По овие дисциплини изведувала настава на додипломските и постдипломските студии на голем број високообразовни институции во РМ. Била раководител на повеќе научноистражувачки проекти, меѓу кои: „Логичка анализа и формализација на македонскиот литературен јазик“ (1992–1995), „Македонска логичка терминологија“ (2000 –2003) и др. Со својата оригинална концепција за логиката како општа теорија на рационалноста, кохерентно ги обединува различните, па дури и спротивставени значења на поимот логика. Потесен научен интерес $ е примената на современата логика во анализата и дигитализацијата на природните јазици, со посебен акцент врз македонскиот јазик, за што разви нова логичка апаратура. БИБ.: Универзалната граматика и македонскиот јазик, 1996; Значењето и вистината, 1998; Логика – општа теорија на рационалноста, 1999; Семантичките парадокси, 2001; Науката како занает, 2003; Логика за 4 година на реформирано гимназиско образование, 2005; Логјика пëрвитин 4 тë гјимназит тë реформуар, 2005; Логички лексикон, 2005. ЛИТ.: Филозофски факултет во Скопје: 1920–1946–2006, Скопје, 2006, 272. Ив. Џ. Тодор Паница