ПАНАРЕТ

ПАНАРЕТ (ⅩⅤⅠⅠ в.) – охридски архиепископ (1670/71). Се спомнува како архиепископ во решавањето на еден правен спор (втората половина на 1671), а потоа како поранешен архиепископ (1683 и 1864). Доброволно се повлекол од функцијата. ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архиепископиџ, т. 2. От падането $ под турците до нејното униќожение (1394-1767), Софиџ, 1931; Јован Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник“ на Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, кн. 8, Скопје, 2002, 74. С. Мл.