ПАЛАВИЧИНО, Гиј

ПАЛАВИЧИНО, Гиј (ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) – маркиз од Водоница. Во отсуство на солунскиот крал Димитриј, папата Хонириј Ⅲ го поставил за командант на Солун (1223), кој бил опсаден од епирскиот владетел Теодор И. Не ја добил ветената помош од Цариград, Мореја, Атина и Италија, по што градот го предал (ⅩⅠⅠ 1224). ЛИТ.: Д. М. Ницол, Тхе Деспотате оф Епирос, Оџфорд, 1957. Б. Петр.