ПАКОВСКИ, Глигор

ПАКОВСКИ, Глигор (Галичник, 27. Ⅳ 1932) – тон-снимател и тон-ски монтажер. Се вработува во „Вардар филм“ (1953). За македонската кинематографија остварува повеќе од 160, од кои самостојно 16 играни филма. Исто така, самостојно реализира уште десетина филма надвор од Македонија. В. Масл.