ПАВСАНИЈА

ПАВСАНИЈА (Паусаниас) (Ⅳ в. пр.н.е.) – антички Македонец, убиецот на кралот Филип Ⅱ, на свадбата на неговата ќерка Клеопатра (336 пр.н.е.). Атентатот бил извршен со нож при влегувањето на свечената поворка во театарот. Веднаш по убиството бил фа-тен од телохранителите и погубен, со што било оневозможено осознавањето на причините и налогодавецот. Во претпоставките како мотив се потенцира љубомората на Олимпијада, но и разни политички причини. ИЗВ.: Плутарцхи, Витае Паралеллае, Липсиае, 1921; Јустини, Хисториарум Пхилиппицарум еџ Трого Помпеио, Парисиис, МДЦЦЦЏЏИИИ; Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896. ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К. М.-Р.