ПАВЛОВИЌ, Миодраг

ПАВЛОВИЌ, Миодраг (Нови Сад, 28. Ⅺ 1928) – српски поет и есеист, продолжувач на традицијата на интелектуалната поезија, со херметички акценти (87 песни, 1952, Столб на сеќавање, 1953, ОктаМиодраг Павловиќ ви, 1957, Млеко од искони, 1962, Голема Скитија, 1969). Големо внимание предизвикал како есеист (Рокови на поезијата, 1958, Осум поети, 1964), како антологичар (Антологија на српската поезија, 1964, Антологија на современата англиска поезија, 1956 – во коавторство со С. Бркиќ). Автор е и на книгите со есеи и литературна критика: Дневник на пената (1972), Поезијата и културата (1974). Во 1970 г. добил Златен венец на СВП. ЛИТ.: Петре М. Андреевски, Миодраг Павловиќ, „Кавги“, Ск., 1970. П. Гил. Божин Павловски