ПАВЛОВИЌ, Драгослав

ПАВЛОВИЌ, Драгослав (Драганче) (Драган шиљо) (Белград, 1908 – Пјеновац, Источна Босна, 21. И 1942) – комунистички деец. По гимназијата (1926) студирал на Техничкиот факултет во Бел-град и станал член на КПЈ (1936). Работел во партиската техника и во Редакцијата на сп. „Наша стварност“, а по апсењето (1937) бил осуден на две години во затворите во Марибор и Митровица. По излегувањето, бил секретар на Црвената помош за Србија (од крајот на 1939) и секретар на Црвената помош на ЦК на КПЈ. Бил учесник на Петтата земска конференција на КПЈ (Загреб, 1940). По Априлската војна (1941), во својство на повереник и инструктор на ЦК на КПЈ, во два наврата престојувал во Македонија (јули и септември 1941), каде што соработувал со Лазар Колишевски во отстранувањето на Методија шаторов–шарло и формирањето на партизански одреди. Подоцна бил политички комесар на шумадискиот (крагуевачкиот) НОПО (од септември – 21. ⅩⅠⅠ 1941). Загинал во борба со германските сили како политички комесар на Петтиот (белградски) НО баталјон на Првата пролетерска НОУБ. Прогласен е за народен херој на Југославија (21. ⅩⅠⅠ 1951). ИЗВ.: Извори за Ослободителната војна и револуција во Македонија 1941–1945, И, кн,. прва и втора, Скопје, 1968. ЛИТ.: Македонија од устанка до слободе 1941– 1945 (Зборник радова), Београд, 1987; Историја на македонскиот народ, том петти, ИНИ, Скопје, 2003. С. Мл. Драган Павловиќ-Латас ПАВЛОВИЌ-ЛАТАС, Драган