ОЧЕКУВАЊА

ОЧЕКУВАЊА (ЕКОНОМСКИ)
– предвидување, антиципирање на идните економски настани. Тие имаат круцијално значење за економијата, бидејќи учесниците во економскиот живот, секогаш кога донесуваат значајни одлуки, со едно око гледаат кон иднината. На пр., доколку економските субјекти предвидуваат „лоши времиња“ (рецесија), се воздржуваат од инвестирање, го намалуваат производството и бројот на вработените, со што де фацто придонесуваат за побрзо пројавување на рецесијата. Во современата економска литература се зборува за два начина на предвидување на иднината: адаптибилни и рационални очекувања. Хипотезата за адаптибилните очекувања (адаптиве еџпецтатионс) тргнува од поставката дека економските индикатори во иднина зависат од она што се случувало во минатото и се сведува на пресликување, екстраполација на трендовите од минатото во иднината. Ако стапката на инфлација неколку години се одржува на нивото од 3%, тогаш економските субјекти очекуваат таква стапка на инфлација и за следната година. Хипотезата за рационалните очекувања (ратионал еџпецтатионс), која добива с“ повеќе приврзаници, тргнува од поставката дека економските субјекти, доколку располагаат со релевантен и квалитетен сет на информации (посебно со оние што доаѓаат од креаторите на економската политика), ја предвидуваат иднината еднакво успешно како што го прави тоа и економската наука. Идеен творец на хипотезата за рационалните очекувања е Џон Мјут. Нобеловецот Роберт Лукас и неговиот близок соработник Томас Сарџент ја преземаат хипотезата од Мјут, понатаму ја развиваат и ја доведуваат до фаза на нејзина примена во квантитативните економски модели (како темелна економска претпоставка). Почнувајќи од март 2006 г., НБРМ започна да спроведува анкета меѓу економските субјекти (претпријатија, банки и истакнати економски аналитичари) за очекуваната стапка на инфлација, во согласност со модерните трендови на конципирање и спроведување на монетарната политика. Сумарно гледано, анкетата покажува дека економските субјекти во Македонија за 2006 г. очекувале стапка на инфлација од 3,4%, што е многу блиску до остварената стапка од 3,2%.
ИЗВ.: Т. Фити, Значењето на очекувањата за економијата, „Прилози“, ЏЏЏИВ, 1&2, Одделение за општествени науки на МАНУ, Скопје, 2003; НБРМ, Годишен извештај за 2006, Скопје, април 2007. Т. Ф.

Славјанка
Оџаклиевска

Напишете коментар