ОХРИДСКО ЛЕТО

ОХРИДСКО ЛЕТО – музичко
сценски фестивал, најзначајна манифестација од овој вид во РМ, од Министерството за култура рангирана како институција од национален интерес. Од

Амблемот на Охидското лето 1994 г. член на Европската асоцијација на фестивали (Еуропеан фестивалс ассоциацион). Се одржува во периодот 12. Ⅶ – 20. Ⅷ, во Катедралната црква „Света Софија“ и на други сцени во Охрид. Содржи седумдесетина приредби на класична музика (солистички и ансамблови концерти, опера, балет), театар, и

С. Рихтер во помал обем
фолклор, денс, џез и рок перформанси . Придружни активности: подиуми на млади, меѓународни семинари за млади, изложби, поетски вечери, издавачка дејност. За почеток на

фестивалот се
Х. Карерас
смета концертот на Ана Липша Тофовиќ (алт) и пијанистот Ладислав Пердлик од Скопје, одржан на 4. Ⅷ 1961 г. во Катедралната црква „Света Софија“. Во изминатите пет децении на фестивалотнастапиле повеќе илјади уметници и ансамбли од 52 земји од сите континенти, меѓу кои и учесници со светски врвно реноме, како Л. Коган, С. Рихтер, Х. Карерас и многу други. Сн. Ч.-Ан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *