ОХРИДСКИ БРАНОВИ

„ОХРИДСКИ БРАНОВИ“ – поранешен пливачко-веслачки клуб “Охрид“, основан во Охрид (1932). Сегашното име го носи по Ослободувањето (1945). Учествувал на првенствата на Македонија и на Југославија (од 1946). Била основана и ватерполо екипа (1947), повеќекратна првенка на Македонија. Пливачите на Клубот на првенствата на Македонија освоиле 48 први места со што го Амблемот на Охридски бранови зазеле второто мес-то, а поставиле 24 и собориле 98 републички рекорди и во тој однос го зазеле третото место во Републиката (1946–2000). Од него произлегле и повеќе врвни маратонски пливачи. Клубот е добитник на општествени признанија. ЛИТ.: Александар Радич, 50 години „Охридски бранови“, Охрид, 1982. Д. С.