ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА-ПАТРИЈАРШИЈА

ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА-ПАТРИЈАРШИЈА (Ⅹ в. –

1767 г.) – автокефална православ-
Охрид, населба со традиционална архитектура
на црква, создадена во времето на

Диецезата на Охридската архиепископија во половината на Ⅺ век
Самуиловото царство. Основањето на самостојната црква во Македонија, според едни истражувачи, се темели на традициите создадени на автокефалната архиепископија Јустинијана Прима (534). Таа традиција дошла до израз со богатата црковно-просветна и културна дејност на св. Климент и св. Наум Охридски, кога во Македонија било изградено бројно словенско свештенство и мо

наштво, а св. Климент бил прв словенски епископ (893). Врз таа основа и традиција, била создадена самостојна
црква – Прес
Печатот на Охридската
панска архие
архиепископија (ⅩⅤⅠ в.)
пископија, со седиште на о. Св. Ахил во Преспанското Езеро. Самуил ја издигнал во ранг на патријаршија, а седиштето $ го преместил во Охрид. Под јурисдикција на Охридската патријаршија биле епархиите во Македонија, Тесалија, Епир, (ден.) Албанија, Дукља, Травунија, Босна, Рашка, Срем, подунавска Бугарија и киевска Русија (1037). По пропаста на Самуиловата држава (1018), византискиот император Василиј Ⅱ, со повелбите од 1019 и 1020 г., Охридската патријаршија ја симнал на понизок ранг – архиепископија и ги потврдил нејзината автокефалност и независноста од цариградскиот патријарх. Јован ¶ (1018–1037) бил првиот охридски архиепископ во византискиот период од македонско потекло.
По уништувањето на Византиската Империја од страна на крстоносците (1204), Охридската архиепископија и понатаму егзистирала како автокефална црква. Во

Барање помош од четири македонски манастири до рускиот цар Алексеј Романов (4. Ⅱ 1654)
времето на краткотрајното бугарско владеење во Македонија и во времето на владеењето на самостојниот феудален владетел Стрез, Охридската архиепископија ја зачувала својата автокефалност. По смртта на Стрез, кога Македонија потпаднала под власта на Епирското Деспотство, Охридската архиепископија и понатаму егзистирала како самостојна црква, како и во времето на никејското владеење со Македонија. По возобновувањето на Византија (1261), Охридската црква не само што ја зачувала својата самостојност, туку и го повратила својот углед. По големите српски освојувања на Македонија, Охридската архиепископија и натаму останала самостојна црква. Кога Македонија потпаднала под османлиска власт, Охридската архиепископија ја зачувала својата автокефалност и добила привилегии од султаните. По укинувањето на Трновската патријаршија, под јурисдикција на Охридската архиепископија се нашле Софиската и Видинската епархија, а по укинувањето на Пеќската патријаршија, сите нејзини епархии потпаднале под власта на Охридската црква. По воспоставувањето на Флорентинската унија (1439), Охридската архиепископија ја проширила својата власт во Влашко и во Молдавија. Во втората пол. на

Наредба од помошникот на кадијата на Реканската каза за дозвола за биење на црковните камбани (мај 1838)
ⅩⅤⅠ в. Охридската архиепископија воспоставила јурисдикција врз Италијанската православна епархија и врз Берската и Драчката епархија. Во еден период Охридската архиепископија имала 33 епархии.
Архиепископијата како автокефална црква се управувала од самостоен поглавар – архиепископ. Седиштето им се наоѓало во Охрид. Архиепископот ја претставувал црквата во односите со другите православни цркви и држави. Архиепископот заседавал со САС и ги свикувал црковнонародните собори. Административно, Охридската архиепископија била поделена на епархии, архијерејски намесништва, парохии и црковни општини. Митрополитите и епископите самостојно управувале со своите епархии. Охридската архиепископија имала и свои црковни судови. Со нив се регулирале одделни, црковно-просветни, наследни, семејно-брачни и бракоразводни дела и спорови, надвор од османлиските закони. Со тоа верниците на Охридската архиепископија уживале извесен степен на автономија во областа на своите внатрешни црковно-религиозни и општествени работи. Преку Охридската архиепископија, македонскиот народ го одржувал и го негувал со векови св. Климентовиот, а со тоа и македонскиот црковнонароден дух и традиција.
Првите територијални загуби Охридската архиепископија ги имала по обновата на Пеќската патријаршија (1557), која воспоставила јурисдикција над сите српски и
неколку македонски епархии во северниот дел на Македонија. Охридската архиепископија ги загубила епархиите во Влашко и во Молдавија, како и Берската и Италијанската и други епархии. Кон поч. на ⅩⅤⅠⅠ в. Охридската архиепископија имала власт над 17 епархии во Македонија и во некои делови од Албанија. Кон средината на ⅩⅤⅠ и поч. на ⅩⅤⅠⅠ в. на многу цркви и манастири под јурисдикција на Охридската архиепископија им биле наложени тешки даноци. Многу храмови биле опустошени и парализирани за нормална дејност. Затоа архиепископи, епископи, митрополити и архимандрити на Охридската архиепископија тајно патувале во Европа, посебно во Русија, за да бараат помош. Охридските архиереи и ереи барале и оружена помош (војници, оружје и сл., за да се ослободат од Османлиите) или пари (милостина) за да ги отплатат долговите на своите храмови. Тешката материјална положба на верниците под јурисдикција на Охридската архиепископија осо-

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *