ОТПАДНИ ВОДИ

ОТПАДНИ ВОДИ – еднаш или повеќепати искористени води, кои како непогодни се исфрлаат во реципиенти. Во техничко–технолошките системи (индустриски постројки) се познати како индустриски отпадни води, а во домаќинствата, во угостителските објекти и во други установи во градските урбани средини како комунални отпадни води. Отпадните води се оптоварени со многу минерални и органски материи и поради тоа силно ги загадуваат реципиентите (реките и езерата) и ја зголемуваат трофијата на слатките води. Љ. Гр.