„ОТЕЧЕСТВО“ (Солун, 21. Ⅱ – 19. ⅩⅠⅠ 1909) – весник, орган на Сојузот на бугарските конституциони клубови, со врховистичка политичка определба. Го уредувале Матеј Геров, Томо Карајовов, Дане Крапчев, Илија Мончев и Ефтим Спространов (главен уредник). Излегувал трипати неделно (вторник, четврток и сабота), а бил печатен во печатниците на К. Самарџиев и Карабелев. Објавени се вкупо 87 броја. Меѓу другото, објавува вест за основањето на Македонска телеграфска агенција (7. Ⅲ 1909). Престанал да излегува по забраната на дејноста на конституционите клубови. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 238240; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885-1992), Скопје, 1993, 90–91. С. Мл. „ОТМ’ШТЕНИЕ“ (ОТМЂËЕНИЕ) (Женева, швајцарија, 1898) – орган на македонските револуционери терористи. Втор по ред единичен број на Женевската група анархисти од Македонскиот таен револуционерен комитет, кој пред тоа (јули 1898) го објави исто така првиот и единствен број на весникот „ГласÍ на МакедонскиŸ таенÍ раволÓционенÍ комитетÍ“. Весникот има мото од двете страни на насловот: „Едно од двете: или да се казни и да се оди нап-ред, или да се милува и да се застане на полпат (А. И. Херцен)“ и „Око за око, заб за заб (Библијата)“. Весникот е објавен на бугарски јазик (само првото мото е на руски) и се залага за непоштедна борба за ослободување на Македонија и за Балканска федерација. ЛИТ.: Данчо Зографски, Македонскиот таен револуционерен комитет и Отм’штение“, Скопје, 1954, 63–76. Бл. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.