ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ

ОСОГОВСКИ ПЛАНИНИ – висок и грамаден планински масив, кој со својата морфопластика доминира во источниот дел на РМ. Се протега помеѓу Славишката Котлина на север, Кочанската Котлина на југ, Пијанец на југоисток, Кумановската Котлина на запад, ПробиШтипско-злетовскиот басен на југоисток, Струмичкиот басен и ќустендилската Котлина на ји. Како природна целина што се протега во две држави, осоговскиот планински масив зафаќа вкупна површина од 1.535 км², од кои на РМ $ припаѓаат 1.102 км² или 71,8%, додека 443 км² или 28,2% на Република Бугарија. По својата површина е втора планина во РМ (по Јакупица). Највисоки врвови се Руен (2.252 м) и Ца-рев Врв (Султан Тепе) (2.085 м). Осоговскиот планиски масив $ припаѓа на Родопската зона, која претставува најстаро копно на Балканскиот Полуостров. Тектонските движења со кои била зафатена оваа планина условиле да биде издигната, раседната и раздробена при што е формирана како хорст. Геолошкиот состав е претставен со прекамбриски метаморфити и палеозојски шкрилци. За време на терциерот се одвивала интензивна вулканска активност, а тоа овозможило создавање на големи резерви на оловоцинкова руда. Релјефот на осоговскиот планиски масив е претставен со високи, зарамнети и долги планински била, кои меѓу себе се расчленети со длабоки Осоговска Планина