ОСОГОВКА

„ОСОГОВКА“ (Арнаутско) – македонско машко народно оро од Осоговскиот регион со 11/16 (2,2,3,2,2) ритам. Се игра со држење на играорците за рамо. Тоа е типично темпераментно машко оро со позиција на играорците во полукруг и изразити баланси, потскоци, доскоци и остри движења со двете нозе. ЛИТ.: Михаило Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 192. Ѓ. М. Ѓ.