ОСМУНДА, КРАЛСКА

ОСМУНДА, КРАЛСКА (Осмунда регалис Л.) – реликтен вид папрат со ограничено распространување на Балканскиот Полуостров. На територијата на РМ единствено се среќава во подножјето на планината Беласица, во мочуриштето кај селото Банско. Вл. М.