ОСМА ДИВИЗИЈА НА КНОЈ

ОСМА ДИВИЗИЈА НА КНОЈ (6. ⅩⅠⅠ 1944 – почетокот на 1948) – воена единица на НОВЈ. Била формирана во состав од четири бригади. Имала задача да врши заштита и обезбедување на новиот поредок во рамките на Службата за безбедност. По Ослободувањето ги запоседнала границите на Македонија и ја чистела територијата од остатоците на колаборационистичките сили и другите соработници на окупаторот. По реорганизацијата на КНОЈ била преименувана во Седма дивизија на КНОЈ. В. Ст.