ОСМАНОВ, Ајри

ОСМАНОВ, Ајри (Струмица, 24. Ⅸ 1934) – шумарски техничар, политичар. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Член на КПМ (од 1957). Првин бил шумарски техничар во Струмица. По доаѓањето во Скопје, бил секретар на Општинската конференција на ССРНМ на Општината Кале и политички работник во Градската конференција на ССРНМ, а потоа член на ЦК на СКЈ. С. Мл. Кралска осмунда (Осмунда регалис)