ОСМАНИ, Абдула

ОСМАНИ, Абдула (с. Матејче, Кумановско, 12. Ⅳ 1921) – политички деец. Завршил гимназија. Член на КПМ (1945). Бил учител, директор на осумгодишно училиште, потпретседател на Околискиот народен одбор во Куманово, претседател на Собранието на Општината Липково, потпретседател на Собранието на Кумановската околија, претседател на Општинскиот одбор на ССРНМ и член на Околискиот комитет на КПМ во Куманово, како и член на ЦК на СКМ и член на Контролната комисија на СКМ, пратеник во Организационо-политичкиот собор на Собранието на СФРЈ и пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ. С. Мл.