ОСИ, ШИШАРКИ

ОСИ, ШИШАРКИ (Цѕнипидае)– ситни ципокрилни инсекти. Полагаат јајца во млади растенија и предизвикуваат појава на „гали“ или „шишарки“, по што го добиле името. Околу 90% видови од оваа фамилија напаѓат различни видови дабови, а помал е бројот на оние што напаѓаат Оса шишарка други дрвја и растенија: јавор, дива ружа, див афион. Во Македонија познати видови се: фарбарска оса шишарка (Андрицус галлаетинцториае Олив.), чии гали се користат за правење мастило и за штавење кожа; ружина оса шишарка (Диплолепис росае Л.), која полага јајца на ружа и предизвикува појава на темноцрвеникави бушави шишарки. ЛИТ.: Јонце Цинговски, Зњеитер беитраг зур кеннтнис дер Блаттњеспенфауна вон Мазедониен. Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1958, В (10/51) 163-176; истиот, Растителни оси, Сѕмпхѕта – Тендхрединидае (Инсецта-Хѕменоптера). Фауна на Македонија Ⅵ, Природонаучен музеј на Македонија, Скопје, 1985; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје 1991. В. Т. К.– М. Кр.