ОСИ, ЗЛАТАРКИ

ОСИ, ЗЛАТАРКИ (Цхрѕсидидае)– ситни ципокрилни инсекти со сјајно обоено тело. Боите се прелеваат од метално-сина, зелена до пурпурно-зелена. Женките од овие осички полагаат јајца во гнезда на други ципокрилци, во кои нивните ларви паразитираат. Познат вид од оваа фамилија е огненозлатна-Златарка оса та осичка (Цхрѕсис игнита Л.), која на специфичен начин се грижи за своето потомство: полага јајца во гнездата на осата Еуменес цоарцата, слично на кукавичјите јајца. ЛИТ.: Јонце Цинговски, Зњеитер беитраг зур кеннтнис дер Блаттњеспенфауна вон Мазедониен, Ацта, Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1958, В (10/51) 163-176; истиот, Растителни оси, Сѕмпхѕта – Тендхрединидае (Инсецта-Хѕменоптера). Фауна на Македонија, Ⅵ, Природонаучен музеј на Македонија, Скопје, 1985; Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К.– М. Кр.