ОРТА ЏАМИЈА

ОРТА ЏАМИЈА (Струмица) – археолошки комплекс во центарот на Струмица, во подножјето на средновековната тврдина на градот Цареви Кули, споменик на културата, изградена во 1613/1614 г. Со ископувањата е откриена богата стратиграфија од Ⅱ в. пр.н.е., па с“ до ⅩⅤⅠⅠ в. н.е. Најдени се остатоци од средновековна црква живописана во Ⅺ-ⅩⅠⅠ в., како и некрополи во повеќе слоеви. Покрај архитектонските остатоци, откриен е и фрескоживопис, мермерна пластика, натписи, монети, керамика, накит и др. Изградена е од Дурак-ефенди. Има квадратна основа покриена со голема купола, чија височина изнесува 13,50 м. Пандитивите се украсени со цитати од Коранот, а во внатрешноста има флорални декоративни мотиви. Реновирана е во 1984 г. ЛИТ.: М. Стаменова-Атанасова, Духовните традиции на Тивериопол, Струмица, 2003; Аѕверди Екрем Хакки, Аврупа’да Османл› Мимар› Есерлери. Ѕугославѕа, ллл цилд, 3. китаб, šстанбул, 1981; Струмица, културно-историско наследство, Струмица, 2005. Ел. М. и Др. Ѓ. Бојан Ортаков