ОРЕСТИДА

ОРЕСТИДА – античка област во Горна Македонија. Се простирала во горниот тек на р. Халијакмон (Бистрица) и областа на Костурското и Преспанското Езеро. Се граничела со Линкестида (на север), Елимеја (на југ), Параваја (запад) и Еордаја (исток). Најстариот и главен град бил Аргос Орестидски (близу сегашното Хрупишта), од каде што потекнувала македонската династија на Аргеадите. ИЗВ.: Страбонис, Геограпхица, Липсиае, 18951913. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957. К. М.-Р.