ОПШТЕСТВЕНА СИЛА

ОПШТЕСТВЕНА СИЛА – бугарска политичка организација, формирана со декрет на Владата на Царството Бугарија (во летото на 1943). Била активна и во окупирана Македонија. Имала цел да го придобие народот за политиката на Владата, да се противставува на сите противници на власта, а посебно да развие активност со која ќе се шири пропаганда за ослободителната мисија на Бугарија и за создавање услови за соработка помеѓу сите групи за борба против НОД. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941–1944, Скопје, 1995; истиот, Политичките партии и организации во Македонија во Втората светска војна 1941–1944, Скопје, 2002. Ѓ. Малк. Панорама на градот Велес (околу 1910)