ОПАШ

ОПАШ – невестински украс за на глава. Покрај лесата, естетски го надополнува невестинското украсување на главата. Изработен е од корзина, и тоа од сноп усукани врби и коноп, кој потоа се предел и се сплетувал во ситни плетенки. Вака приготвен, се прицврстувал со врвци за главата. Плетенките, долги до нозете, се пуштале слободно да висат до земјата, на долниот крај биле составени, собрани и обликувани во топчеста форма. Се носел сè до крајот на минатиот век. Ј. Р.-П. Опашестиот водоземец дождовник (Саламандридае) ОПАШЕСТИ ВОДОЗЕМЦИ