ОПАД ВО ШУМСКИ ЕКОСИСТЕМИ

ОПАД ВО ШУМСКИ ЕКОСИСТЕМИ – се формира со опаѓање на ислужените, оштетените и едногодишните делови и органи (листови, цветови, плодови, ситни гранчиња, кај зимзелените игличести листови, трофични корења) од автотрофната компонента на екосистемот и претставува универзална карактеристика на повеќегодишните растенија. Во големи размери се одвива во шумските екосистеми и се означува како опад. Тој претставува почетен и значаен чекор во кружењето на материите во шумските екосистеми. Истовремено претставува и процес преку кој се враќа органската материја во почвата. Опадот не е независен процес, туку во основа е физиолошки и, како и другите процеси, влијае не само на почвата и почвообразувачките процеси, туку и на исхрана на растенија и на продукцијата во шумскиот екосистем. Во дабовиот плоскачево–церов екосистем на Галичица годишниот опад изнесува 5.650,80 кг/ха, а во горскиот буков екосистем во Маврово годишниот опад изнесува 5,37 т/ха год. Љ. Гр. Опалска бреча