ООКА, Макото

ООКА, Макото (Мишима, 16. Ⅱ 1931) – најзначаен современ јапонски поет; неговите стихови се објавени во превод на повеќе јазици во светот; има напишано и стотина театарски дела, радио и телевизиски драми и филмски сценарија, како и повеќе книги со литературна критика и есеи. Добитник е на Златниот венец на СВП во 1996. БИБ.: Споменот и сегашноста (1956), Нејзината парфимирана плот (1971), Цртеж во перспектива посветен на летото (1972), За една девојка напролет (1978), Престолнината на водата (1981), Порака на водата од родната земја (1989) и др. Во 1978 во Токио излегоа неговите Собрани дела во 15 томови. ЛИТ.: ш. Таникава: Мудроста на М. Оока, „Поезија“, СВП, Струга, 1996. П. Гил.