ОНИШЧЕНКО, Олексиј Семјонович

ОНИШЧЕНКО, Олексиј Семјонович (с. Рудка, Полтавска обл., Украина, 17. Ⅲ 1933) – украински академик, координатор на соработката помеѓу НАНУ и МАНУ. По завршувањето на Историскофилозофскиот факултет (со специјалност по филозофија и историја) (1956) се вработува во НАНУ (1959) и до 1978 г. е директор на Институтот за филозофија на НАНУ, а потоа директор на Меѓурепубличката филијала на Академијата за општествени науки во Киев. Олексиј Семјонович Онишченко Од 1992 г. е генерален директор на Националната библиотека на НАНУ „В. И. Вернадски“. Избран е за член на Президиумот на НАНУ (1998) и секретар на Одделението за историја, филозофија и право. Член на МАНУ надвор од работниот состав (од 2009). Координатор е на украинско-македонската научна соработка помеѓу НАНУ и МАНУ и организатор и учесник на годишните научни собири и коредактор на заедничкиот двојазичен „УкраˆнсÏко-македонсÏкиј науковиј сбирник“ што излегува во Киев. Научноистражувачкиот опус на акад. О. опфаќа над 300 научни трудови објавени во зборници и списанија и 17 одделни монографии. Тој е претседател на Асоцијацијата на библиотеките на Украина, прв потпретседател на Украинската академија на политичките науки, претседател на Украинскиот славистички комитет, член на Украинската национална комисија за прашањата на украинскиот правопис и на Националната комисија на Украина за УНЕСКО. БИБ.: Историко-кулÏтурни зв’язки Укра˜ни и Македои˜, зб.: Денови на украинската наука во Република Македонија.22&23 октомври 2002 година, Скопје, МАНУНАНУ, Скопје, 2003, 67-74; Життя и диялÏностÏ Крсте Петкова Мисиркова в Укра˜ни, зб.: Македонско-украински културни врски (Х-ХХ век), Ⅱ, МАНУ&НАНУ, Скопје, 2004, 161&173; КонцептуалÏни проблеми наукового супроводу суспилÏних перетворенÏ, зб.: Укра˜нсÏко-македонсÏкиј науковиј сбирник, Випуск 1, НАНУ&МАНУ, Ки˜в, 2005,72&78. Бл. Р.