ОМОРИКА

ОМОРИКА (Пицеа оморица Панч., фам. Пинацеае) – балкански ендемит со многу мал ареал во средниот тек на р. Дрина. Ја открил Јо-сип Панчиќ (1855). Високо дрво со стреловиден хабитус, игличките се заоблено сплескани, со две бели линии од долната страна. шишарките се мали, во младоста виолетови, а кога ќе созреат потемнуваат, со заоблени, плодни лушпи и со многу ситно семе. Заради убавиот хабитус претставува ценет парковски вид, отпорен на аерозагадување. Освен во парковите, кај нас се користи и како шумски вид. Ал. Анд. раководство (Иван Илиев-Син-Манифестација на ОМО „Илинден“ Единица на ОНА (2001)