ОЛИМПИЈАДА

ОЛИМПИЈАДА (Олѕмпиас) (околу 375–316 пр.н.е.) – третата сопруга на македонскиот крал Филип Ⅱ (од летото 357 пр.н.е.) и мајка на Александар Ⅲ Македонски (23. Ⅶ 356 пр.н.е.). Била ќерка на епирскиот крал Неоптолем. Филип Ⅱ се вљубил во неа при еден престој на Самотрака во времето на празникот на Кабирите. Во бракот стапила при склучувањето на македонскиот сојуз со Епир. Од овој брак ја родила и ќерката Клеопатра (355 пр.н.е.). По склучениот брак на сопругот (337 пр.н.е.) со Клеопатра, внука на македонскиот благородник Атал, прогонета или самоиницијативно се засолнила кај роднините на епирскиот двор. По атентатот на сопругот и устоличувањето на престолот на синот Александар Ⅲ Македонски пак се вратила во Пела, имајќи значајна улога во дворот. Во ликвидациите за обезбедување на престолот таа лично ја убила штотуку родената ќерка на Клеопатра, а неа ја принудила да се самоубие. Исто така, имала значајно учество во борбите за превласт по смртта на синот Александар Ⅲ Македонски. Како тутор на нејзиниот внук – малолетниот Александар Ⅳ, за обезбедување на престолот го наредила ликвидирањето на соперникот Филип Ⅲ Аридај и неговата сопруга Адаја-Евридика (317 пр.н.е.). Нејзиниот одмаздољубив непријател Касандар успеал да ја зароби во Пидна и по негова наредба била ликвидирана. ИЗВ.: Плутарцхи, Витае Паралеллае, Липсиае, 1921; Паусаниае, Граециае Десцриптио, Липсиае, 1903; Јустини, Хисториарум Пхилиппицарум еџ Трого Помпеио, Парисиис, МДЦЦЦЏЏИИИ; Диодори, Библиотхеца хисторица, Леипзиг, 1896. ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004; Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период, Скопје 1995. К. М.-Р. Партиска конференција на ОМО „Илинден“ & Пирин