ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА НА НАРОДОТ

ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА НА НАРОДОТ (ОЗН) (Дрвар, 13 мај 1944) – воена служба за безбедност. Било формирано по одлука на ВШ на НОВ и ПОЈ. Во првите воени години во Македонија таа дејност била во надлежност на месните „народни“, „селски“ или „партизански стражи“ (1941–1942), а потоа на „известителната служба“ и на „народната милиција“ (1943–1944). Одлуката за формирање на ОЗН во Македонија била донесена на состанок на ЦК на КПМ во с. Рамно, Кумановско. Тука за таа цел бил дојден од Вис и инструкторот на ОЗН за Југославија Мијат Вулетиќ, кој донел и Упатство за организација на работата, а било избрано и раководство на ОЗН за Македонија при Поверенството за народна одбрана на НКОЈ. Потоа неговата дејност била официјализирана (с. Мелница, Велешко, 13. Ⅴ 1944) за борба против домашните предавници и тероризмот на слободната и на неослободената територија. Подоцна било осамостоено на слободната територија во Кумановско (втората половина на 1944), што значело целосно одвојување на разузнавачките од безбедносните функции и ОЗН станало единствен разузнавачки центар. Со донесувањето на првиот Устав на ФНРЈ, во рамките на Министерството за одбрана била формирана Контраразузнавачката служба на ЈНА (КОС), а ОЗН било одвоено од ова Министерство и влегло во составот на Министерството за внатрешни работи – Управа за државна безбедност (УДБ). ИЗВ.: Во служба на народот, Сеќавања на Ниче Гогов, „Будност“ (додаток на в. „Вечер“), ЏЏВИ, 7710, Скопје, 12. Ⅴ 1988, 4; Постоеше железна дисциплина, Сеќавање на Методија Димовски–Сват, (додаток на в. „Вечер“), ЏЏВИ, 7710, Скопје, 12. Ⅴ 1988, 5. ЛИТ.: Феми Муча, Раѓањето на ОЗНА (1-5). Три децении на Службата за безбедност, „Нова Македонија“, ЏЏЏ, 9801, Скопје, 8–12. Ⅴ 1974, 3; Бане Ивановски, Како беше создадена ОЗНА на Македонија. По повод 13 Мај – Ден на Службата за безбедност, „Нова Македонија“, ЏЛИИИ, 14476, Скопје, 13. Ⅴ 1987, 4; Богомил Д. Константинов, ОЗН-а низ виорот на војната. (1-3), „Вечер“, ЏЏВИИ, 8058, Скопје, 29, Ⅵ 1989, 19. С. Мл. Хју Вистан Одн