ОВОШТАРСТВО

ОВОШТАРСТВО – мозаичните орографски, климатски и почвени услови во РМ овозможуваат одгледување на триесетина континентални, суптропски и нови овошни култури. Најголем развој овоштарството достигнува во текот на 1980–1990 г.(до 24.000 ха овоштарници и над 200.000 т овошје). По 1991 г. површините на овошните насади се намалуваат на 16.000 ха, а производството на 100.000–120.000 т. Во периодот на транзиција овоштарството во општествениот сектор е сведено на минимум, но има пораст во приватниот сектор, особено на јаболката во Преспа. Последниве две години (2004, 2005) од 7,7 милиони родни стебла добиени се 153,7 илјади т овошје. Водечка култура е јаболкото со 3,6 милиони родни стебла и со производство на 84,3 илјади т. Б. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *