ОВАДИЈА

ОВАДИЈА – МАРА, Естреја Хаим (Битола, 25. ⅩⅠⅠ 1923 – пл. Кајмакчалан, 26. Ⅷ 1944) – народен херој од НОАВМ, Еврејка. Како активистка на Еврејското хуманитарно друштво „Визо“, заминала на работа во Белград (1938), каде што станала член на СКОЈ и учествувала во мартовските демонстрации (1941). Наскоро се вратила во Битола (мај 1941) и се вклучила во подготовките за оруженото востание. Како член на КПЈ (од 1942), непосредно пред депортацијата на македонските Евреи, се илегализирала (10. Ⅲ 1943), а потоа заминала првин како борец на НОПО „Даме Груев“
(5. Ⅳ 1943), потоа во НОПО „Гоце Делчев“ и во други единици на НОВ и ПОМ. При формирањето на Третата МНОУ била назначена за заменик политички комесар на чета, а при формирањето на Седмата македонска НО бригада
(22. Ⅷ 1944) за политички комесар на баталјон. Загинала во борба со бугарските окупаторски си
ли. Прогласена е за народен херој на Југославија (11. Ⅹ 1953).
ИЗВ.: Зборник на документи за учеството на жените од Македонија во Народноослободителната војна и Револуцијата
1941–1945, Скопје, 1976.
ЛИТ.: Александар Поповски, Естреја Хајма Овадиј –Мара (1921–1944), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 120-125; Естреја Хајма Овадија-Мара (1921– 1944), „Млад борец“, ЏЏЏИИ, 13, Скопје, 23. Ⅳ 1975, 17; Д-р Стојан Ристески, Естреја Овадја-Мара, Горњи Милановац, 1978. С. Мл.

Овесни класови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *