НУРЕДИНИ, Сефедин

НУРЕДИНИ, Сефедин (Куманово, 24. И 1953) – актер. Дипломирал на Отсекот за драмски актери на Високата музичка школа во Скопје (1978). Член и директор на Албанската драма во Театарот на народностите во Скопје (1991– 1995) и генерален директор на Театарот на народностите (2000– 2003). Улоги: Соколе („Големата вода“); Поручникот („Да се спаси надежта“); Зелкарот („Сурати“); Прометеј (во истоименото дело); Гертнер („Сауна“); Тусен („Дожд во Уертомонто“). Р. Ст. Џорџо Нуриџани