НОВ ЖИВОТ

„НОВ ЖИВОТ“ (Струга, мај 1945) – весник, орган на Единаесеттата македонска НО бригада, на македонски јазик. Зачуван е само еден број умножен на гештетнер на 36 страници. Во него се застапени политички, културни, забавни и други содржини, а половината од нив се посветени на 53от роденден на Ј. Б. Тито. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 447; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 141. С. Мл. Новата зграда на НИП „Нова Македонија“, Скопје