НОВАЦИ

НОВАЦИ – село во Битолско. Се наоѓа во источниот дел на Битолско Поле, од двете страни на Синевирска Река, на надморска височина од околу 580 м. Со регионален пат на запад е поврзано со Битола. Тоа е населено со Македонци (1.283 ж.). Населението се занимава со одгледување житни и индустриски култури или е вработено во рудникот за јаглен „Суводол“ и во термоелектраната „Битола“, кои се наоѓаат во близина на селото. Н. е седиште на општина што зафаќа површина од 75.353 ха и има 41 населено место со 3.549 ж. Во селото постојат осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.