НОВАК, Јосип Јосипов

НОВАК, Јосип Јосипов (Загреб, Р. Хрватска 16. Ⅹ 1919) – полковник, радиолог, редовен проф. на Мед. ф. (од 1977). Дипломирал на Мед. ф. во Загреб (1942), а специјалистички испит по радиологија положил во Белград (1955). Се усовршувал на ВМА и во Винча на семинари за радиодијагностика, дозиметрија, сцинтиграфија и примена на радиоизотопи. Престојувал во Осло и во Франкфурт изучувајќи дијагностички постапки за рано откривање на малигните тумори и пострадијационите реакции на изотопна и телекобалтна терапија кај пациентите. Ги поставил темелите на експерименталната дијагностичка радиологија. Публикувал над 100 труда и напишал скрипти за радиолошка заштита и за стоматолошка радиологија. Долгогодишен уредник на ММП. Член на Здружението на радиолозите на Западна Германија. ИЗВ.: Билтен УКИМ, 265. К. К.-П. НОВАКОВ–ЏОНГАР, Ѓорѓи (Папрадиште – Велес, околу 1900) – протомајстор. Неговата дејност како градител се одвивала во Македонија, во Бугарија, во Грција и во Србија. Градел главно цркви, конаци и семејни куќи. Во Македонија ја изградил црквата „Св. Петар и Павле“ во Папрадиште, и го продолжил како издавач „ЗОНИК“ доел-Скопје. Директор Црквата „Св. Петар и Павле“ во с. Папарадиште, Велешко „Св. Ѓорѓи“ кај Неготино (1880– 1866), „Св. Никола“ во Штип (1867) и „Св. Богородица“ во Ѓуришкиот манастир (1886–1891). Во Бугарија ги изградил црквите „Св. Никола“ во Берковица (1872); „Св. Богородица“ во Лом (1867–1894) и црквата „Св. Спас“ во Софија (1875), урната во Втората светска војна. Градителската дејност на Џонгар ја следиме во Серско и во Солунско (црква во Бер), како и во Србија (црква во Гњилане). Најчеста форма на црквите е трикорабната базилика. ЛИТ.: К. Томовски, Македонските мајстори-градители во деветнаесеттиот век, Скопје, 2006. Кр. Т. К. Новаковиќ со неговата брошура „Македонија Македонцима! Земља земљорадницима!“ (1924)