НИЧА-ПРЕНДА, Вера

НИЧА-ПРЕНДА, Вера (Битола, 3. Ⅱ 1925) – педијатар. По завршувањето медицина (1953) и специјализација по педијатрија во Загреб (1958), работела во Детското одделение во Битола, до пензионирањето (3. Ⅱ 1985). Во соработка со д-р Д. Вангелов, први во Македонија примениле ексангвино трансфузија во терапевтски цели. Во 1972 г. станала примариус, а во 1983 г. здравствен советник. П. Б. Никола Ст. Ничота