НИМИЦ, Метју

НИМИЦ, Метју (Маттхеѕ Неиметз) (Њујорк, САД, 17. Ⅸ 1939) – американски дипломат. Специјален пратеник на претседателот на САД Бил Клинтон за Балканот (1994–1995); вклучен во преговорите меѓу Р Грција и Р Македонија (март 1994 – септември 1995); по барање на Сајрус Венс и во согласност со РГ и со РМ е назначен од Генералниот секретар на ОН Кофи Анан за заменик на Венс (претседавач на разговорите РГ-РМ) (14. Ⅺ 1997), односно за личен пратеник на Генералниот секретар на ОН (29. ⅩⅠⅠ 1999). Подготвува предлози за решавање на спорот РГ–РМ, обзнанети како официјален предлог на ООН (9. Ⅺ 2005). ЛИТ.: Татјана Петрушевска, Анализа на предлозите на Метју Нимиц за решавање на грчко-македонскиот спор околу уставното име на РМ обзнанети како официјален предлог на ООН на 09.11.2005 година во Њујорк, Годишник во чест на Стрезо Стрезовски, Правен факултет „Јустинијан Први“, Скопје, 2006. Т. Петр. НИЧА, Константин Наумов