„НИКО НЕСТОР“, Средно општинско училиште, Струга

„НИКО НЕСТОР“, Средно општинско училиште, Струга – основано во 1950 г. како средно стручно занаетчиско училиште. Во учебната 1965/1966 г. се трансформира во средно градежно, а од 1979 г. се соединува со Гимназијата во ЦСО „Нико Нестор“ што подоцна се преименува во ДСУ. Учениците се оспособуваат за профилите: градежни техничари за нискоградба, за високоградба и за хидроградба, градежни лаборанти, монтери за сува градба од трет степен и геодетски техничари.
ЛИТ.: Нико Нестор,. Средно општинско

училиште, монографија, Струга, 2000 г. Р. Д.

Локалитетот „Суви Ливади“ во с. Доленци, базилика (Ⅵ в.)

Бошко Ников