НИКОЉСКИ, Александар

НИКОЉСКИ, Александар (Пеќ, 17. Ⅲ 1937) – архитект, унив. професор. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје (1963), каде што како редовен професор го предава предметот внатрешна архитектура. Се занимава со архитектонско проектирање, посебно со проектирање на ентериери. Проектирал објекти и надвор од нашата држава. Позначајни реализации: мотелот „Македонија“ во Велес (1982), Управната зграда на РИК „Силекс“ во Кратово (1984), индивидуална семејна куќа „СЛУ“ на Водно, Скопје (1999), ентериерно решение за Историскиот музеј на Македонија во Скопје (1986), Реконструкција и внатрешно уредување на хотелот „Дојран“ во Стар Дојран (1993). Се занимава и со публицистичка дејност од областа на индустрискиот дизајн и ревитализацијата на стари простори. Кр. Т. Звонимир Никуљски