НИКОЛОСКИ, Љубомир

НИКОЛОСКИ, Љубомир (Секирци, 2. Ⅸ 1947) – ел. инж., д-р на техничките науки, ред. проф. на ЕТФ во Скопје. Претседател на Студ. ком. за материјали за електротехнологија и два мандата претседател на Македонската секција ИЕЕЕ. Обработувал проблеми од областа на електричната изолација, ВН мерења и квалитетот на електричната енергија. БИБ.: Лабораториски практикум по ТВН (универзитетски учебник), Лабораториски работи во ТВН (скрипта, коавтор Р. Миновски) и Збирка задачи од ТВН – Бранови процеси на водовите и разводни постројки (учебно помагало, коавтор Р. Миновски). ЛИТ.: „Билтен на Универзитетот ,Св. Кирил и МетодијСкопје“, бр. 843, јануари 2004. Др. Р. Петре Николоски