НИКОЛОВ, Јордан

НИКОЛОВ, Јордан (Орце) Антонов (Скопје, 7. И 1916 – Владичин Хан, Србија, 3/4. И 1942) – комунистички деец и народен херој. Го изучил кројачкиот занает (1934), станал активист на УРСОВИТЕ синдикати и член на КПЈ (од 1935). Бил секретар на Подружницата на шивачките работници (во пролетта 1938), секретар на МК на КПЈ во Скопје и член на привременото Биро на ПК на КПЈ во Македонија (1939–1940). Бил организатор на илинденските излети (1940), потоа е уапсен (ав-Јордан (Орце) Николов густ 1940) и осуден на две години во Кикинда, Лепоглава и Сремска Митровица, каде што бил член на Затворскиот комитет на КПЈ. На Покраинската конференција (8. Ⅸ 1940) во отсуство бил избран за член на ПК на КПЈ во Македонија, а на Петтата земска конференција на КПЈ (Загреб, 19–21 Ⅹ 1940) и за кандидат за член на ЦК на КПЈ. Со група затвореници, низ прокопан тунел, успеал да избега (22. Ⅷ 1941) и се вклучиле во Фрушкогорскиот НОПО, преку кој се префрлил до Врховниот штаб на НОВ и ПОЈ во слободното Ужице. Со група партизани, во обид да се префрли во Македонија, наишол на бугарска заседа и по кратка борба загинал. Прогласен е за народен херој на Југославија (29. Ⅶ 1945). ЛИТ.: Борис Бојаџиски, Народен херој Јордан Николов-Орце, Скопје, 1951; Чеда Нешиќ, Како загина Орце Николов, народен херој, кандидат за член на ЦК КПЈ, „Нова Македонија“, Ⅷ, 2145, Скопје, 1. Ⅺ 1951; Илија Зафировски, Порака од Ужице до Македонија во 1941 година, „Нова Македонија“, ⅩⅤⅠⅠ, 5279, Скопје, 2. Ⅶ 1961, 6; Орце Николов, „Трудбеник“, ЏЏЏИВ, 31, Скопје, 28. Ⅷ 1978, 5; Васил Куноски, Николов Антон Јордан – Орце (1916–1942), Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 294–299; 40 години од смртта на Орце Николов, „Просвета“, ЏЏВ, 539–540, Скопје, 10. Ⅱ 1982, 8; Д-р Милош Константинов – Митре Инадески, Јордан Николов-Орце, Скопје, 1984. С. Мл.