НИКОЛОВ-МАКЕДОНСКИ, Христо

НИКОЛОВ-МАКЕДОНСКИ, Христо (с. Горно Тодори, Кукушко, 1885 – 5. Ⅶ 1916) – ајдутски и четнички војвода, револуционер. Прогонуван од османлиските власти, се одметнал во ајдутство. Со своја чета активно учествувал во ослободителните движења и борби, најпрвин во Српско-турската (1876), потоа во Руско-турската војна (1877–1878), а најпосле и во македонското револуционерно и ослободително движење. ЛИТ.: Македонски историски речник, Скопје, 2000. Ал. Тр. Стефо Николов Скендер (1855&1902) -војвода на Кресненското востание (1879) и претседател на Народното собрание на Македонија (1880) НИКОЛОВ-СКЕНДЕР, Стефо