НИКОЛОВ, Велимир

НИКОЛОВ, Велимир (Скопје, 3. Ⅵ 1927 – Скопје 10. Ⅷ 1981) – етнолог, кустос советник во Етнолошкиот музеј на Македонија. Дипломирал на Филозофскиот факултет – Група етнологија во Скопје (1954). Речиси сиот работен век го минал во Етнолошкиот музеј на Македонија, каде што бил раководител на Одделот за народно стопанство. Бил на повеќе студиски престои низ музеите во Југославија и во повеќе европски земји, како и на постдипломски студии во Институтот за меѓународни студии на Универзитетот во Калифорнија. Бил член на Редакцијата на сп. „Македонски фолклор“ и на други редакции. ЛИТ.: Ѓорѓи Здравев, Ин мемориам, „Македонски фолклор“, ⅩⅤ, 29–30, Скопје, 1982, 227–228. С. Мл. Димче Николов, графика